Македонска Каменица со бугарска Белица ќе аплицира за срдства од ИПА
Со проект за поставување модерно осветлување на кејот на река Каменичка и со проект за реконструкција на спортската сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“, општина Македонска Каменица ќе аплицира на новиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка во партнерство со општина Белица од соседна Бугарија.
Како што истакна денеска градоначалничката Соња Стаменкова, ова било дефинирано на работниот состанок со претставници на традиционалниот партнер на М. Каменица, општина Белица од соседна Бугарија и претставниците од Источно-планскиот регион..
- Општина М. Каменица ја подготвува проектната документација и веруваме дека ќе бидеме успешни и на овој повик. Нашата цел е да направиме модерно осветлување на кејот на река Каменичка, кој е хортикултурно уреден и со тоа ќе придонесеме за подобар изглед на кејот од една страна, но и економично осветлување од друга. Со реконструкцијата на училишната спортска сала ќе придонесеме за подобртување на условите за работа на часовите по физичко воспитување, но пред се, за развој на училишни спортски клубови, истакна Стаменкова..
Инаку, партнерството на македонската и бугарската општина трае веќе десетина години и досега се реализирани низа заеднички проекти финансирани од европските фондови, а значително е продлабочена соработката и на други полиња, особено на културен план
Ново на Сител
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка