Македонска делегација на Самиот на НАТО во Варшава

Делегација предводена од заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, во чиј состав е и министерот за одбрана Зоран Јолевски, учествува на Самитот на НАТО што денеска и утре се одржува во Варшава.
Министерот Попоски предвидено е да се обрати на состанокот на шефови на држави и влади посветен на Авганистан, а за време на Самитот се очекува да оствари и повеќе билатерални средби.
Министерот за одбрана има обраќање на Состанокот на министри за одбрана за платформата за интероперабилност, а планирано е да оствари и повеќе билатерални средби со министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата.
На 1 јули Кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов информираше дека тој нема да учествува на Самитот на НАТО поради игнорирање на меѓународното право, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, геополитичките аспекти и безбедносните предизвици во регионот.
Се додека не се земат предвид овие факти, посочија од Кабинетот, претседателот Иванов нема да учествува на самити на НАТО, а Република Македонија ќе биде претставувана на ниво на министри за одбрана и за надворешни работи, пракса воспоставена од самитот во Кардиф во 2014 година.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
