Македонка во Австралија си ја убила мајка си
Студентка во Бризбејн, Австралија е осомничена за убиство, откако нејзината мајка беше пронајдена мртва во нивниот дом, пренесуваат австралиските медиуми.
Се работи за дваесетгодишната Симона Зафировска со македонско потекло, која се сомничи за грозоморно убиство на својата мајка, Радица Зафировска.
Полицијата го нашла телото на Радица на вториот кат од семејната куќа, а јавуваат дека раните по нејзиното тело биле застрашувачки и веројатно се направени со тапи предмети.
Мотивите сè уште не се познати, а Симона утре ќе биде изнесена пред суд.
Според австралиските медиуми, Радица и Симона важеле за мирни соседи и никогаш немало проблеми со нив. Радица била вработена како хигиеничарка, а Симона сè уште била на студии.
Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом