Македонка повредена по судир со чопор диви свињи кај Солун | ФОТО

Двајца загинати и четворица повредени, меѓу кои и тројца грчки полицајци, е трагичниот биланс од страотна сообраќајна несреќа, во која учествувале три автомобили и чопор диви свињи, што се случи синоќа околу 23:30 часот, на 62-от км од новиот национален автопат Солун – Нео Петрициу, во Кукуш, јавија грчките медиуми.
Патролно возило управувано од 42-годишен полицаец во кое како сопатници биле и двајца негови колеги на возраст од 44 и 36 години се судриле со чопорот диви свињи кои поминувале и притоа излетале од својата лента. Потоа, возило управувано од 56-годишен странец (државјанин на Северна Македонија) со 50-годишна сопатничка се судрило во истото стадо, се превртело и паднало во соседната нива.
Потоа, трето возило со 53-годишен локален возач и 48-годишен сопатник се судрило со службеното полициско возило, при што животот го загубиле и двајцата патници во третиот автомобил.
Повредени се 50-годишната сопатничка од второто возило и тројцата полицајци, кои се задржани на лекување во Општата болница во Кукуш.
Одделението за сообраќај од Кукуш врши прелиминарна истрага за причините за несреќата.
Ново на Сител
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
-

Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви
