Македонка ја срушила рампата на границата со Бугарија и бегала на полицијата до Ќустендил

Триесет и деветгодишна македонска државјанка ѝ создала огромни проблеми на бугарската полиција кога со својот автомобил преминала преку граничниот премин Гуешево без дозвола од надлежните органи, соопшти Јавното обвинителство во Ќустендил, пренесе БГНЕС.
Како што објави бугарската Агенција, таа ја искршила рампата, а не го запрела возилото ниту за проверка, ниту, пак, на сигналот од граничната патрола веднаш после границата.
Таа не го запрела автомобилот сè до влезот на градот Ќустендил, каде што конечно запрела удирајќи во едно патролно возило, а потоа и во уште едно службено полициско возило.
„Граѓанка на Република Македонија преминала преку граничниот премин Гуешево без дозвола од надлежните органи на 15 мај. Таа не ги испочитувала полициските наредби, не застанувајќи на сигналот даден од неа од полицајците на граничниот премин. Потоа запрела во Ќустендил. Во меѓувреме, додека возела, странската државјанка оштетила и две полициски возила. Со оглед дека жената била во лоша состојба, била повикана Брза помош, при што лекарите утврдиле дека има повишена телесна температура. Исто така, и бил направен и брз тест за ковид-19, а и била земена крв за проверка на нивото на алкохол и опојни средства. Во моментот таа е префрлена на лекување во болница во градот“, соопштиле од ќустендилското обвинителство.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
