Македонија
24. May 2023 - 16:31

Македонија во чест на светите Кирил и Методиј - Централно одбележување на Плаошник

Во древниот Охрид градот  се одбележува Денот на сесловенските просветители Свети Кирили Методиј. 24 Мај, оваа година се чествува на Плаошник местото каде е основан и дејствувал првиот словенски универзитет затоа што тука најгласно одекнува вечната и непобитна вистина за потеклото на нашиот македонски јазик, на нашата македонска писменост и култура, а со тоа и на нашиот македонски идентитет истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Овој 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј и Ден на сесловенската писменост, го дочекуваме исправени и особено горди, затоа што македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, е признат и е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во Европската Унија потенцира Ковачевски.

На чествувањето во Охрид по  панел дискусија на тема македонскиот јазик во Словенскиот свет научната заедница ја прочита и декларациајта за македонскиот јазик.со која се укажува на тоа дека не само стекнатиот рамноправен статус во европското и светското семејство на јазици, туку и неговиот пат кон иднината не можат да бидат попречени од никакви негирања, фусноти, ѕвездички, додавки и слично.

На одбележувањето на сесловенските просветители присуствуваа највисоките државни претстaвници ,голем број гости од политката и науката .