Македонија убедливо прва во групата го чека противникот
Македонската фудбалска репрезентација го исполни ветеното и го освои првото место во групата 4 од Лигата Д во Лигата на нации на УЕФА, откако пред малубројната публика на „Филип Втори“ го совлада аутсајдерот Гибралтар со 4:0 .
До петтата победа во шесте меча во Лигата на нации, Македонија дојде со смирена игра против неатрактивниот противник без капитенот Горан Пандев, кој паузираше поради жолти картони.
Барди со прекрасен погодок ја отворија серијата голови во доминантната игра.
Во продолжението два гола постигна Илија Несторовски а еден Трајковски.
Македонија го освои убедливо првото место во групата со само еден пораз во конкуренција на Ерменија, Лихтентајн и Гибралтар и го очекува противникот во полуфиналето. Најверојатно Белорусија или Косово.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња