-->
-->
Македонија убедлива против Украина
-->

Убедлив триумф на постигна македонската кошаркарска репрезентација на турнирот во Охрид.
Вечерва во СЦ „Билјанини извори“ нашата најдобра селекција ја декласираше репрезентацијата на Украина со 81-51.
Нашиот тим доминираше на теренот од почетокот до крајот на дуелот. Избраниците на селекторот Марјан Србиновски со цврста одбрана и одличен напад од минута во минута го зголемуваа водството и на крајот стигнаа до +30 поени.
Кошаркарите на Украина само на стартот на натпреварот беа достоен ривал на црвено-жолтите.
Сигурната победа нашиот тим ја оствари без Дамјан Стојановски, кој синоќа против Израел го повреди скочниот зглоб. Во тимот го немаше и крилниот центар Јаневски, а на нивно место настапија Кирил Николовски и Владимир Брчков.
Вечерва инаку најпрецизни беа Марко Србиновски и Војдан Стојановски со по 15 постигнати поени, Бојан Трајковски беше одличен во одбраната со дури шест украдени топки.
Турнирот во Охрид завршува утре со дуелот меѓу Украина и Израел.
Нашата селекција во рамките на подготовките за Евробаскетот , во вторник продолжува со одигрување на пријатеслки натпревар, во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје повторно ќе ги одмериме силите со Израел, а на 14 август во петок во Гевгелија ќе играме против Венецуела, потоа црвено-жолтите заминуваат на турнири во Литванија, Шпанија и Летонија.
фото: www.basketball.org.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
