-->
-->
Македонија тргнува од вториот „шешир“ на Европското во Хрватска
-->
Ракометната репрезентација на Македонија е одредена да биде во вториот „шешир“ за извлекувањето на групите за Европското првнество во Хрватска заедно се селекциите на Данска, Белорусија и Шведска. Тоа се репрезентации против кои Македонија нема да игра во првата фаза од групите на шампионатот што ќе се одржи од 12 до 28.јануари 2018 година.
Во првиот „шешир“ ќе бидат селекциите на: Германија (европски првак), Шпанија, Франција и Хрватска (домаќин). Во третиот „шешир“ се репрезентациите на: Норвешка, Србија, Црна Гора и Чешка, додека во четвртиот „шешир“ се наоѓаат: Унгарија, Словенија, Австрија и Исланд.
Познато е дека Хрватска своите натпревари од првата фаза ќе ги игра во Сплит, Норвешка е во групата во Пореч, Словенија ќе биде во Загреб, а Унгарија во Вараждин.
Извлекувањето на групите ќе се одржи на 23.јуни (петок) во Загреб со почеток во 19 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје