-->
-->
Македонија тагува: Ова се дечињата кои изгореа во пожарот
-->
Порталот на албански јазик albeu.com, денеска објави фотографија од четирите деца кои вчера настрадаа во пожар во семејниот дом, заедно со нивната мајка во Тетово, поради што е прогласена тридневна жалост.Фатиме Зулбеари (39) со четирите малолетни деца, три машки и едно женско, на возраст од 6, 9, 12 и 14
години ги загубија животите во вчерашниот пожар, а денеска беа погребани.
Министерството за внатрешни работи вчера информираше дека околу 5 часот бил пријавен пожар во куќата на 78-годишниот тетовец С.З. на улица „Гоце Делчев“ во Тетово.
-Опожарен е покривот и горниот кат на куќата, а во пожарот настрадале неговата 39-годишна снаа Ф.З. со четирите малолетни деца, три машки и едно женско, на возраст од 6, 9, 12 и 14 години, информираат од МВР.
Сопругот и татко бил ноќен чувар и не бил во домот кога се случил пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
