Македонија стана дел од интегрираниот глобален систем за управување со податоци за здравјето на животните
Преку Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Македонија, од вчера и официјално стана дел од единствената глобална платформа за управување со податоци за здравјето на животните. Таа ги интегрира информативните системи за нотификација на болестите кај животните на Европската комисија (ADIS) како центар за управување со податоците за здравјето на животните во Европската унија (ЕУ) и Светскиот информативен систем за здравје на животните (WAHIS) на Светската организација за здравје на животните (WOAH), основана како OIE.
Интероперабилноста помеѓу овие два система овозможува минимизирање на времето на застој и несовпаѓања на податоците кои досега постоеја во рамки на засебните системи, а подобрено е и управувањето со податоците за здравјето на животните на глобално ниво. Меѓусебното поврзување на овие системи е и во насока на подобрување на квалитетот и конзистентноста на податоците, нивната точност и ажурираност, подобрувајќи го севкупниот квалитет на податоците за здравјето на животните, што е особено важно во случај на проценки на ризик за кои се потребни сигурни извори на податоци.
Рационализирано известување од земјите преку единствениот систем, овозможува ефикасен, еднократен внес на податоци намалувајќи го административниот товар и обезбедувајќи конзистентност на податоците и споделување на информации кои ги исполнуваат барањата и на законодавството на ЕУ и на меѓународните стандарди на WOAH. Новата дигитална алатка е и во функција на подобрено одлучување, односно преку пристап сеопфатни и актуелни податоци за здравјето на животните, носителите на одлуки можат да направат подобро информирани избори во врска со мерките за надзор и контрола на болестите.
Работејќи заедно, ADIS и WAHIS платформите гарантираат значителен напредок во управувањето со податоците за здравјето на животните и обезбедуваат значителни придобивки не само за земјите - членки на ЕУ, туку и за глобално засегнати страни.
Ново на Сител
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен школски ден за учебната година 2024/25