Ракомет
5. January 2018 - 23:27

Македонија со сигурна победа на гостувањето кај Србија

Ракометната репрезентација на Македонија и во вториот контролен натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство во Хрватска постигна победа. Совладана беше Србија во Белград со 32:29. Во првата контрола вчера нашата селеција ја совлада и Саудиска Арабија.
Во првиот дел двете селекции се менуваа во водството, а на полувреме Македонија водеше со 14:13. Во вториот дел избраниците на македонскиот селектор Раул Гонзалез имаа постојано водство од два до четири голови разлика. 
Најефикасен во нашиот состав беше Гоце Георгиевски со 8 голови, додека Филип Талески постигна шест.
За македонските ракометари следуваат два слободни дена за Божикните празници, а подготовките ќе продолжат во Скопје на 8.јануари (понеделник).