Ракомет
23. January 2025 - 17:13

Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација

Македонската ракометна репрезентација го заврши вториот натпревар од Главната групна фаза со резултат 39:34, со што ја запиша втората победа на Светското ракометно првентство.

И до крајот на првото полувреме бевме во водство со резултат 21:17, по што репрезентативците немаа проблем да ја задржат разликата до крајот.

Најмногу погодоци за овој натпревар имаа капитенот Филип Кузмановски и Жарко Шешевски - и двајцата по шест гола.

Македонија ќе игра против Франција во последното коло во сабота.