Бизнис
8. October 2021 - 20:33

Македонија со добра позиција на индексот на бирократија

Во корона криза, компаниите во земјава за 7 часа побрзо ги завршувале бирократските процедури. Истражувањето за индексот на бирократија покажува дека Македонија има најмало бирократско отповарување и е подобро рангирана од на пример, Чешка и Словачка.

Главната причина за ова, сепак, е тоа што во годината на ковид компаниите не добивале нови правила за игра.

Освен што немало нови закони, земјава поминува подобро и затоа што работата од дома функционирала добро, а не вовела ниту антиковид обврски за фирмите.

Исплатата на плата во пандемија не беше проблем затоа што системот е целосно електронски, времето за добивање државна помош се скрати од година на два месеци. Владата продолжува да воведува алатки кои ќе ги кратат процедурите.

Земјава е најслаба во оние делови во кои законите се уште не се усогласени со европското законодавство.