-->
-->
Македонија со четири медали на ЕП во кик бокс
-->
Македонската кик бокс репрезентација своето учество на Европското првенство во Лутраки, Грција го заврши со четири медали по два сребрени и бронзени. По поразите во финалните борби сребро освоија Милан Кубан и Марија Божиноска, додека бронзени медали им припаднаа на Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски.
Милан Кубин во финале во неизвесна борба до самиот финиш загуби од рускиот представник Александар Бобров во дисциплината кик лајт до 89 килограми. Противникот решавачкиот поен го освои во последната секунда за 2-1.
Марија Божиноска во дисциплината кик лајт до 70 килограми во финалето беше поразена од полската репрезентативска Катарина Киваржик со резултат од 3-0.
Нашиот национален тим на Европското првенство во Лутраки , Грција го представуваа претседател и селектор на тимот Дејан Митровски Урко, генерален секретар и тренер Драган Атанасовски, технички координатор Розана Матева како и репрезентативците Милан Кубин, Димитар Ѓорѓиев, Ненад Манојловски и Јетмир Емрули во машка конкуренција , како и Стефани Тодорова и Марија Божиноска во женска конкуренција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар