Loading Video...
Македонија
17. May 2021 - 16:35

Македонија се уште е земја во која ЛГБТ заедницата е дискриминирана

Неприфаќање од најблиските, потсмев од околината, закани, присоци па дури и напади се главните проблеми со кои се соочува ЛГБТ заедницата во земјава, вели активистката Изабела Јакимова. Ова е доказ, дека хомофобијата иако скриена, сепак во големи размери е присутна во нашето општество, вели таа.

Дека ЛГБТ заедницата во земјава се уште живее на маргините на општеството, се согласија и учесниците на денешната онлајн дебата по повод меѓународниот ден за стоп на хомофобијата.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Дејвид Гир оцени дека говорот на омраза во земјава се уште е на високо ниво. Инситуциите се пасивни, а сторителите ретко се соочуваат со лицето на правдата.

Во таа насока министрите и пратениците велат дека преку законски решенија, прават се граѓаните да  бидат еднакви пред законот.

Пред 7 месеци беше изгласан законот за заштита од дискриминација, а во собраниска процедура треба да влезе и Законот за матична евиденција со чии измени би се регулирале и прават на транродовите лица.

Инаку денес се одбележува Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата.