Македонија се соочува отштетни побарувања од 4 компании од над 700 милиони евра
Македонија се соочува со тужби од 4 компании вредни над 700 милиони евра. Пред Арбитражниот суд во Париз и Вашингон во моментот разврска чекаат Еуромакс Ресорсис, кои бараат 300 милиони евра отштета за раскинатата концесисија за рудникот Иловица. Концесионерот на Казандол , Сардич МЦ бара 350 милиони евра од државата за раскинување на договорот за рудникот во Валандово.
Се уште се чека одлуката за Хеленик Петролеум вредна 40 милиони долари , поради раскинатиот договор за набавка на мазут од грчката компании и индиската Кунико Ресорсис , поранешен соптвеник на Фени, кој смета дека продажбата на комбинатот е извршена спротивно на договорот и законските пропоси. Министерот за економија Бектеши се надевава дека аргументите се на страна на државата и во поголем дел од споровите нема да плаќа милионски сума отштета.
Подготвени сме за сите арбитражни постапки и веќе имаме адвокатски куќи кои не претставуваат, но истовремено направивме и оперативен план. Убеден сум дека повеќето од арбитражните постапки веќе сме ги победиле, а Казандол и ОКТА се во тек и се во фаза на подготовка на документацијата,изјави Крешник Бектеши, министер за економија. .
Македонија ќе треба да ги плати и сите дополнителни трошоци што произлегуваат од водењето на арбитражната постапка., ако евентуално го изгуби спорот. Компаниите пак, ќе бараат да им се платат и камати. Таков е случајот со ОКТА, каде држвата во 2007 го изгуби спорот , затоа што не го почитуваше договорпот да купува по 500 илјади тони мазут годишно. Од 31 милион долари, државата плати 40 милиони долари. Во 2008 Окта повторно поднесе тужба каде бараат уште 32, однсно 40 милиони долари отштета со камати.
.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар