Кошарка
20. August 2016 - 11:28

Македонија последна на „Трофеј Македонија“

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ што се одржуваше во СЦ „Јане Сандански“ изминатите три дена.
 
Нашиот национален тим во последниот меч на турнирот загуби од селекцијата на Босна и Херцеговина со 75:69, (26:20,14:13,17:27,18:9) и со скор од една победа и два порази „Трофеј Македонија“ го завршија на последното место.
 
Во првите две Македонија беше далеку од игрите и изданијата од претходните две кола. „Црвено-жолтите“ на стартот на третата делница влегоа во посакуваниот  ритам и преку расположениот Ромео Тревис и стандардно добрите Војдан и Дамјан Стојановски успеаја  да направат резултатски пресврт. На осум минути пред крајот Македонија водеше со 65:59. Тогаш Босна и Херцеговина направи серија од 12:0 што се покажа како решавачка за победникот на овој дуел.
 
Најефикасни во редовите на домашниот тим беа Ромео Тревис со 16, Александар Костовски со 14 и браќата Војдан и Дамјан Стојановски со 11 односно 10 поени.
Победник на турнирот е Белгија(2-1 победи-порази), втора е Црна Гора(2-1), а трета БиХ(1-2).
Нашата репрезентација во вторник и во среда ќе одигра два натпревара во Словенија.