-->
-->
Македонија подготвена за дуелот со Шведска
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија утре го игра првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство во Германија против селекцијата на Шведска. Во рамките на подготовките македонските ракометарки одиграа три контролни дуели на турнир во Турција и постигнаа победа против Литванија, а загубија од Русија и од Турција.
Капитенот на репрезентацијата Елена Ѓорѓиевска изјави:
- Трите натпревари во Анталија беа добредојдени. Особено што за ривал имаме силна репрезентација. Ќе направиме се да постигнеме добар резултат, особено што нашата форма е во нагорна линија. Важно е секоја ракометарка да го даде својот максимум и да се бориме како што тоа го правевме на квалификациите на Фарски острови. Воедно потребна ни е поддршка од публиката за да имаме добар резулат.
Натпреварот се игра во СРЦ Кале утре со почеток во 20:30 часот, а влезот е слободен.
За пласман на СП се играат вкупно девет бараж дуели, а вечерва на програмата се натпреварите: Црна Гора – Белорусија, Русија – Полска, Романија – Австрија, Украина – Шпанија. Утре покрај натпреварот Македонија – Шведска играат уште: Италија – Србија, Унгарија – Словачка, Хрватска – Словенија и Чешка – Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица