Македонија под снег, температурите под нулата
- Снег најмногу има во Маврово каде е формирана снежна покривка од 78 сантиметри. Во Лазарополе има 51 сантиметар снежна покривка, крушево 41, Пожаране 38, Ѓуриште 25, Дебар и Тетово 20, Дојран и Претор 17, Битола 16, Скопје и Тополчани 15, Гевгелија 14, Струмица 12, Штип девет, Демир Капија осум, Берово и Крива Паланка седум, Виница шест, Охрид пет и Прилеп три сантиметри.
Минималните температури во целата земја биле под нулата. Најниска е измерена во Маврово -11, минус девет во Крушево, Ѓуриште и Пожаране, минус осум Лазарополе и Дебар, минус седум Тополчани, минус шест Скопје, Тетово, Прилеп, Берово и Крива Паланка, минус пет во Охрид, Битола и Штип, минус четири Демир Капија, Струмица и Виница, минус три Претор и Гевгелија, до минус два во Дојран.
Утрово времето во земјата е облачно и студено, со врнежи од снег. Дува слаб до умерен северозападен ветер кој е најинтензивен во Ѓуриште во Светиниколско. Во 7 часот врнежи нема само во Охридско.
Денеска времето ќе биде облачно и студено, со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во јужните делови. Попладне врнежите ќе ослабат насекаде. Температурата ќе се движи во интервал од минус четири до еден сепен.
Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремен снег особено претпладне. Температурата преку денот ќе достигне до минус еден степен.
Во наредните денови земјата ќе биде под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови се постудено време со повремен снег. Во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Локални врнежи од снег ќе има и утре претежно во западните делови, а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда и претежно на југот. До четврток кога ќе има прекин на врнежите температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Најстудено ќе биде во среда и четврток преку ноќта, кога утринската температура на места ќе се спушти и под -10 степени. Од петок температурите релативно брзо ќе се покачуваат
Ново на Сител
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места