-->
-->
Македонија почна со победа над Луксембург
-->
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги почна квалификациите за Евробаскет 2017. Вечерва во Кавадарци Македонија потешко од очекуваното дојде до триумф над Луксембург 89:75 (30:13; 18:15; 21:26; 20:21).
Во првите минути се играше изедначено до 9:9, а потоа македонските кошаркари заиграа поагресивно во одбраната и стигнаа до највисоките 30:13 во првиот период.
На почетокот на вториот Македонија имаше и 23 поени предност што беше највисока разлика. Но, гостите полека успеваа да ја намалат предноста на Македонија.
Во 34.минута Луксембург успеа да намали на 10 поени (75:65). Во 37.минута гостите намалија и на 79:70.
Селекторот Драган Раца им даде шанса на сите играчи кои беа во записникот. Најефикасен со 28 поени беше Војдан Стојановски.
На вториот натпревар од 1.коло од групата Г Унгарија ја победи Велика Британија со 96:77.
Македонија следниот натпревар го игра на 3.септември во Лондон против Велика Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност