-->
-->
Македонија пак загуби од Словенија
-->
Македонската кошаркарска репрезентација го загуби последниот контролен натпревар во пресврт на квалификациите за Еуробаскет 2017. Вечерва Македонија загуби од Словенија со 82:67 (21:24; 22:14; 17:16; 22:13 ). На вчерашниот прв натпревар на овие две селекции што беше од затворен тип Словенија ја победи Македонија со 84:68.
Македонските кошаркари благодарение на добрата реализација го добија првиот период, но Словенија во продолжението беше порасполжена и го презеде водството. Во 34.минута Словенија првпат поведе и со двоцифрена предност (67:56).
Најефикасни кај Македонија беа Ромео Тревис со 16 поени, Војдан Стојановски уфрли 14 со поени, а Дамјан Стојановски постигна 12, додека кај Словенија најпрецизен беше Клемен Препелиќ со 18 поени.
Македонија првиот натпревар од квалификациите го игра на домашен терен во Кавадарци на 31.август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола