Македонија одигра нерешено против Англија
Македонската фудбалска репрезентација ремизираше против Англија (1:1) на домашен терен во последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Најблиску до гол Англичаните во провото полувреме беа кога со шут надвор од шеснаесетникот беше погодена стативата од голот на Димитриевски.
Првото возбудување пред голот на Англија беше по грешката на Хари Мегваер кој погреши во додавањето. По таа негова грешка, Елмас влезе во добра ситуација, а дефанзивецот на Манчестер Јунајтед го собори на тревникот. Публиката гласно бараше реакција, но судијата остана мирен и по чекањето ВАР собата да ја провери ситуацијата.
Ако тогаш немаше најстрога казна, ја имаше во 42. минута, а одговорноста ја презема Енис Барди. Ударот од 11 метри на македонскиот репрезентативец, Пикфорд го одбрани, меѓутоа одбиената топка Барди ја смести во мрежата.
Веднаш во вториот дел Англија тргна по изедначување. Само една минута по изведувањето на топката од центарот Грилиш ја затресе мрежата, тој гол беше поништен од ВАР поради офсајд ситуацијата.
Голот за изедначување Англија го постигна во 58. минута кога Хари Кејн само што влезе во игра по 40 секунди со првиот допир на топката се запиша во листата на стрелци.
Ново на Сител
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки