Loading Video...
Ракомет
17. јуни 2019 - 14:26

Македонија од вториот „шешир“ ќе ги чека противниците за ЕУРО 2020

Македонската ракометна репрезентација, можните противници за Европското првенство 2020 година ќе ги чека од вториот „шешир“. Нашата репрезентација на ждрепката за ЕП ќе биде извлечена од вториот сад во кој ќе бидат и селекциите на Норвешка, Данска, Словенија, Чешка и Русија, кои сигурно нема да бидат наши противници во првата фаза по групи. 
 
Од нашиот табор единствено посакуваат да бидеме во група чиј домаќин ќе биде Австрија пред се поради поддршката која би ја имале од нашата публика во оваа земја. 
 
Доколку среќата ни се насмее, тогаш би играле во Грац каде во рамките на А групата ќе настапува селекцијата на Хрватска или по посакуваната варијанта, да се најдеме во Б групата во Виена заедно со домаќинот Австрија. 
 
Желбите и очекувањата се едно, но каков ќе биде изгледот на групите ќе биде познат по ждрепката закажана за 28 јуни во Виена. Европското првенство ќе се одржи 9 до 26 до јануари 2020 година
 
РАСПОРЕД НА ШЕШИРИ
Шешир 1: Шпанија, Германија, Унгарија, Франција, Хрватска, Шведска
Шешир 2: Словенија, Македонија, Чешка, Русија, Норвешка, Данска
Шешир 3: Португалија, Белорусија, Исланд, Летонија, Црна Гора, Австрија
Шешир 4: Швајцарија, Полска, БиХ, Холандија, Србија, Украина
 
РАСПОРЕД НА ГРУПИ
Група А (Грац): Хрватска, 
Група Б (Виена): Австрија, 
Група Ц (Трондхајм): Германија, 
Група Д (Трондхајм): Норвешка, 
Група Е (Малме): Данска, 
Група Ф (Готенбург): Шведска,