Македонија нема капацитет за справување со природните непогоди

Македонија е земја подложна на природни катастрофи како што се земјотреси, пожари, непогоди предизвикани од климатските промени, поплави, но и терористички закани.
Истражувањата покажуваат дека во земјава постои нефункционалност во однос на справување со овие ризици, а сегашните ресурси немаат капацитет за справување со природните катастрофи.
Токму затоа во Македонија е потребна итна промена на стратегијата за национална безбедност и одбрана, преку која ќе се исправат сегашните недостатоци.
На трибината на која се дискутираше за "Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи во Македонија" беше посочено дека слабостите главно се утврдени во преклопувањето на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, лошата координација меѓу институциите, недостатокот од навремен одговор од локалните власти, но и партизацијата на институциите задолжени за справување со непогодите.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
