Македонија
1. March 2017 - 21:19
Македонија на нозе: Граѓаните на протести во Скопје, Куманово, Прилеп, Струмица, Велес, Охрид, Штип, Кочани
Тред ден на улица и една освоена победа. Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија го прогласи Иванов за херој. Исполнувањето на едно од нивните барања им дава дополнителен мотив да ја продолжат битката. Илјадници граѓани и денеска беа дел од протестот кој се движеше низ скопските улици. Од Влада, преку Собрание до седиштето на СДСМ. Ги повикаа членовите на партијата да им се приклучат за формирање на единствена граѓанска платфомра.
Граѓаните велат дека резервна држава немаат, а она за што се бореле предците нема да дозволат некој да го продава.
Граганската иницијатива за заедничка Македонија и утре продолжува со протестниот марш. Ги повикаа граѓаните да им придружат во 17 часот пред владината зграда.
-
Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->