Македонија
15. February 2019 - 16:36

Македонија на кирилица ќе остане под уставно име на Интернет мрежите

Википедија  во своите изданија на на англиски, француски и грчки веке го користи новото име на земјава. Во текстот се објаснува дека земјата  официјално се нарекува  Република  Северна Македонија. Но, во македонското издание на слободната енциклопедија, вакви промени нема, Македонија во насловот си останува Македонија.  .  Од  македонскиот сики тим  велат дека тоа нема да се промени.

Терминот Македонија кој се поврзува со нашата држава е сеприсутен на интернетот, иако името на државата официјално се промени. 

Таблите позди мене се минато , но нема да биде ситуацијата така лесна во интерне просторот. 

Дека допрва следува борба во интернет просторот за  користење  на терминот Македонија   сметаат  и оние кои не се директно засегнати. Така,  британскиот Економист во колумна  се прашува дали некој воопшто забележал дека името на Македонија е сменето, особено на интернет. Како показател за тоа се даваат последните податоци од Гугл , според кои,  пребарувањето на терминот Македонија во 2019 година,е за 18 пати поголем од пребарувањето на терминот Северна Македонија.

Сепак, новото име на државата полека влегува и на глобалната мрежа, а тоа го регистрираа и интернет пребарувачите, особено во периодот на ратификациите на преспанскиот догвор во парламентот во Грција.