Македонија
28. January 2021 - 16:42

Македонија на досега најлоша позиција на листата на Транспаренси Интернешнал

Македонија историски е најлошо рангирана според индексот на перцепција на корупција во изминативе 18 години - ова се резултатите од најновиот извештај на Транспаренси Интернешнал. Ако лани земјава била на 106 место, сега бележи пад од 5 скалила и годинава се наоѓа на 111 место. Најлоша е во регионот. Во ист кош со Македонија е само Босна и Херцеговина. Подобрување за две места бележи Албанија. Хрватска пак како и лани е на 63то место. А најдобри во регионов и годинава се Словенците.

Во услови кога земјава е немоќна да се справи со корупцијата во областа на правосудството, претседателската на Транспаренси Интернешнал вели дека потребно е целосно да се напуштат политичките влијанија, а да се подобри транспарентноста на институциите. Според неа ова не е само здравствена, туку и корупциска криза.

Во светски рамки најдобро позиционирани со години се Данска, Нов Зеланд и Финска. Чиј индекс во просек изнесува 88 поени. На дното на ранг листата исто така со години се Сирија, Сомалија и Јужен Судан, кои едвај имаат 13 поени.