-->
-->
Македонија може да добие организација на Евробаскет
-->
Извршниот директор на ФИБА Европа, Камил Новак, верува дека Македонија, пред се Скопје има можност во блиска иднина да биде домаќин на голем кошаркарски настан како Европско првенство.
Новак покрај работните средби со претседателот на МКФ Петар Наумоски и генералниот секретар Моника Гаврилоска, ги посети салите каде се одржуваат натпреварите на Европското Првенство за кошаркари до 18 години (Б дивизија) што се одржува во нашиот главен град, беше воодушевен од
Запрашан за можноста еден ден Македонија, Скопје, да биде домаќин (организатор) на сениорски шампионат, Новак изјави: „Јас сум апсолутен сигурен дека имате шанси да бидете домаќини. Без разлика дали се работи за ЕП во машка или женска конкуренција. Знаете ја нудиме можноста да ко-домаќин на Евробаскет 2019 (жени) каде две земји можат заеднички да го организираат првенството, односно за првенството за мажи 2021 каде максимум четири земји можат да бидат домаќини. Кон крајот на годината ќе започне постапката за пријавување на организатори на женското ЕП, на кои федерациите треба да ги достават своите понуди. Што се однесува до машкото ЕП 2021 година, постојат поинакви услови. Еден од нив е капацитетот на салите, кој за првата (групна) фаза е минимум 10.000 седишта. Но, кога го гледам овој објект (Јане Сандански) убеден сум дека не е невозможно да изградите нов поголем или овој да го надградите“.
Самата организација на едно натпреварување како што е тековното јуниорски на кое учествуваат 24 земји е причина повеќе МКФ и во иднина да има голема поддршката од ФИБА, изјави Новак.
„Една од главните причини за мојата посета на Скопје е континуираната организација години наназад на повеќе младински шампионати. Сакав уште минатата година да ја посетам Македонија и да видам со што располагате. Сега гледам и навистина ми е мило и изненаден сум од овие прекрасни спортски објекти кои ги имате“, изјави извршниот директор на ФИБА Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
-
Престрелка на границата САД - Мексико
-
Приведен гостиварец, агресивно се однесувал кон сопругата и малолетната ќерка
-
23-годишен Македонец возел 184км/час на автопатот кај Бујановац и удрил во полициско возило
-
Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово
-
Скопје на 37. место по загаденост, прекинат прагот на алармирање во Битола и Струмица