Македонија
30. November 2018 - 17:42

Македонија лидер во Европа: Нема работници болни поради условите на работа

Ако се знае дека во Македонија годишно на работа животот го губат над 20 лица а повеќе од 1000 се полесно или потешко повредени, лесно ќе се донесе заклучок дека исто толку висок или можеби уште повисок е и бројот на оние кои заболеле од некоја болест поврзана со условите во кои работат.

- Изненадувањето за мене дојде кога сфатив дека во Македонија не постои регистар на професионалните болести, невозможно е да се дојде до официјална бројка на заболени, а неофицијалната говори дека сме шампиони во Европа односно дека во изминатите години речиси ниту едно лице не заболело од некоја болест поради условите во кои работи.

Надлежна институција за прибирање на овие податоци е Институтот за јавно здравје. Но од таму со недели не добивме официјален одговор.

За да дознаеме зошто во Македонија речиси воопшто не се дијагностицираат професионални заболувања, одговор побаравме од Искра Кочева, докторка по медицина на труд која сега работи во Словенија.

Во потрагата по одговори, едно сведоштво ми даде и една нова, уште позсагрижувачка перспектива. Работник на возраст од околу 50 години, бил дијагностициран со професионална леукемија. Неговото прво прашање до лекарите било дали може болеста да се скрие од работоидавецот за да не ја загуби работата во момент кога најмногу му се потребни пари.

Тоа за институциите е аларм дека свеста и кај работодавачите и кај работниците но и кај оние кои сењ задолжени за грижа за професионалното здравје мора да биде повисока.

Од Македонското здружение за заштита при работа велат дека бројките на заболени се многу важни зашто токму тие треба да бидат насока каде состојбите треба да се подобруваат.

А ризиците се многубројни и болестите до кои може да дојде се сериозни па невладините апелираат м,ногу повнимателно да се следи од каде потекнувцаат најчестите заболувања.