-->
-->
Македонија ја „прегази“ Белорусија
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлива победа од 3-0 во контролниот дуел со селекцијата на Белорусија што е прв триумф во третата пресметка со оваа репрезентација.
Првата закана ја имаа гостите преку Родионов а потоа Несторовски погоди пречка за нашата репрезентација.
Следуваше период на добра игра на нашата селекција и во 40. минута Спировски со својот прв репрезентативен погодок ја доведе Македонија во водство од 1-0.
Во вториот дел се разигра капитенот Пандев но одличната соло акција не успеа да ја круниса со погодок. Сепак Пандев во 61. минута по одличната асистенција на Тричковски зголеми на 2-0 а истиот игра во 69м. имаше одлична комбинација со Алиоски и по вторпат се запиша во листата на стрелците за 3-0.
Шанса од селекторот Ангеловски доби и младиот Дарко Чурлинов кој во првиот контакт со топката можеше да постигне погодок но биеше непрецизно. Сепак останува дека со 16г и 8 месеци е најмладиот играч што заиграл за македонската фудбалска репрезентација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер