Македонија избори пласман на Светското во Франција

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе биде дел од Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржи во Франција. Со големата победа остварена над Чешка, нашите ракометари го продолжуваат континуитетот на настапи на големите натпреварувања во случајов Светското првенство.
Македонија во Скопје го доби реванш дуелот во баражот против Чешка со седум гола разлика 34:27, со што ја анулира негативата од шест гола по првиот меч одигран во Злин, што заврши со резултат 28-22.
Поддржани од шестилјадната публика, присутна во СЦ „Борис Трајковски’’, црвено-жлтите веќе во 16-минута ја анилира негативата, а во 19-тата Македонија имаше и осум гола предност 13:5, која ја задржаа до крајот на полувремето 19:11.
Во вториот дел. Нашите ракометари имаа и највисоки десет гола предност. Чесите не се предаваа и постојано одржуваа притисок до самиот финиш, но со голот на Мојсоски на седум секунди до крајот, црвено-жилтите ја оддржаа посакуваната разлика.
Најефикасен во нашата селекција беше Дејан Манасков со 11 гола, а капитенот Кирил Лазаров средбата ја заврши со 8 гола.
Овој натпревар беше последен за долгогодишните репрезентативци Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски, во репрезентацијата која сега ќе има повеќе време комплетно да се подмлади, пред новиот настап на завршницата на Мундијалот во Франција.
Ова за Македонија ќе биде петто Светскот првенство, а продолжува континуитетот настапи на големите натпреварувања од ЕП Србија 2012 година.
фото: wwww.ekipa.mk
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
