Македонија има сериозен проблем со недостаток на пожарникари за основно функционирање на системот
За две години вработени само 80 пожарникари, далеку од законскиот минимум. Во земјава недостасуваат над 500 пожарникари за да има фунцкионален противпожарен систем. Само во Кочани каде пожарот се закани на градот и зафати дел од првите куќи има само 15 пожарникари на повеќе од 30 илјади жители.
Во последните 2 години Министерството за финансии има дадено согласност за вработување на 82 пожарникари. Вкупно во државата има вработени 902 пожарникари. Во 2021 префрлени се 17 војници во противпожарни бригади и тоа - 10 во Скопје, 5 во Кичево, 1 во Охрид и 1 во Неготино. Во тек е процедура за префрлање на дополнителни 16 професионални војници со 45 години во противпижарната бригада во Куманово, Велес и Валандово, се вели во дописот од минисетртвото за одбрана.
Според анализите на центарот за граѓански комуникации ,голем недостаток на пожарникари има и во Скопје, каде во последниве четири години вработени се 40 лица. Потоа во Тетово, Гостивар, Куманово, Битола и Прилеп.
Од независниот синдикат на пожарникари велат бројот на пожарникари во змејава треба да надминува 1350. Оние кои заминуваат во пензија или нема кој да ги замени или оние кои се вработуваат се со несоодветни квалификации зашто нема систем за образование. Просечната старосто на пожарникарите во змејава е 45 години.
Денови пожарникларите во земјава за гаснење на пожарите во критичните делови работата повеќе од 40 часа. Не се жалат од работата но едноставно мора некој да ги замени. Просечно треба да бидат на терен од `12 до 14 часа , а потоа да добијат замена, велат од синдикатот.
Оттаму додадаваат дека во држваваа треба да има над 1.350 пожарникари.
Освен со персонал, во противпожарните служби нема ниту возила. Последните 10 години нема купено ниту едно ,а се што е донесено е исклучиво од донации. За три години пак за службени возила.потрошени се 8 милиони евра.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар