Македонија има проекти за да искористи дел од 9те милијарди евра од ЕУ, тврди Владата
Европската Унија ќе инвестира 9 милијарди евра во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Ќе се финансираат крупни инфструктурни проекти, кои во наредните 7 години, треба да го забрзаат економскиот раст на земјава и да го приближат стандардот до оној на Унијата.
„Такви се Железничкиот коридор 8 помеѓу Скопје и границата со Бугарија која ќе ја подобри поврзаноста помеѓу Скопје и Софија, Коридор 10 железница, гасоводна интераконекција со Косово, Грција и Србија, ветерен парк и инвестиции во изградба на фотоволтаици, изградба на пречистителна Скопје, Интергриран систем за третман на отпад и други проекти,“ вели Зоран Заев.
Но колку од парите ќе успее да земе Македонија, ќе зависи од брзината на институциите и од квалитетот на проектите, вели министерот за финансии Бесими.
Економскo инвестицискиот план содржи 10 клучни области со кои ќе се поддржи долгорочното економско поврзување во регионот, ќе се зајакне конкурентноста на приватниот сектор, ќе се инвестира во образованието, здравството и човечкиот капитал, со цел да се одливот на квалитетен кадар.
Услов за да се добијат парите е продолжување со клучните политички и економски реформи, воспоставување функционален систем на владеење на правото, независно судство, ефикасен даночен систем. Дополнително, земјите од регионот можат да добијат уште 20 милијарди евра преку ИПА фондовите.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
