Бизнис
11. November 2018 - 19:50

Македонија има млади иноватори рамо до рамо со нивните врсници во Европа

Младите иноватори и истражувачи од Македонија може слободно да се носат со нивните врсници од европски земји. Потенцијалот кој Македонија го има во областа на техничките и природните науки е голем. Ова го потврди и 4- та олимпијада на за технички достигнувања на младите од Југоисточна Европа на која основците и средношколците  од Македонија  ги претставија нивните најнови иновации. Она што недостасува е поголемата финансиска поддршка и мотивација младите луѓе да продолжат да работат,  но и да останат во сопствената држава.

,, Има Република Македонија голем потенцијал. Проблеми има секаде има и кај нас. Пред се знаете финансиските проблеми, но добро е што родителите се заинтересирани па доста помагаат . Ние како Народна Техника на Македонија, општинските наши сојузи, сите сме вклучени во изработката на тие проекти. Можам да се пофалам дека имаме и академици кои станале од деца кои биле во Народна Техника, голем е бројот. Сега се професори, доктори, инженери, ги има секаде, но најмногу ги има за жал надвор. Ги имаме на сите универзитети веќе, комуницираме со нив , ги имаме и во НАСА.,, вели Зоран Тодоров - претседател на народна техника на Македонија. 

Младите истражувачи и иноватори нивните идеи ги црпат од секојдневието и скоро сите иновации се применливи.

,, Имам направено електронска корпа за е отпад со помош на микро битот кој работи на придвижување. Ги броиме парчињата електронски отпад кои се фрлаат внатре. Исто така имаме и спортски семафор.,, вели Ангела Николова - ученик во Сандо Масев - Струмица. 

Од Народна Техника се надеваат на поголема поддршка од сите институции, а веќе започнале преговори за соработка и со фондот за иновации преку кој може да се реализираат идеите на младите луѓе. Во сето ова треба да помогне и новата програма за развој на техничката култура која веќе е готова.