Македонија и земјите од Западен Балкан имаат „плитка европеизација“
Македонија се соочува со феноменот на плитка европеизација. Власта е ефикасни во донесување и усвојување на евроските закони и реформи, но проблемот настанува кога тие треба да се спроведат, посочува невладиниот сектор. Компаративните анализи покажуват дека сличен проблем се јавува кај сите земји на Западниот Балкан.
Од институтот за европска политика велат дека дел од вината за ваквата ситуација лежи и во мекиот пристап на Европската Комисија, која не дава конкретни одредници и извештаи за напредокот на земјата. Треба да постојат директни задачи, временски рамки па и награди за импелемнтираното, во спротивно на земјите аспиранти им е оставено сами да си толкуваат дали и како ќе ги спроведуваат реформите.
Анализата на невладиниот институт е презентирана во европските институции во Хаг и Брисел, а со неа ќе биде запозната и македонската влада.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар