Македонија и земјите од Западен Балкан активно ќе се вклучат во решавање на состојбата со илегалната миграција
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска изјави дека во Луксембург на неформалниот состанок на министрите за внатрешни и надворешни работи од земјите членки на ЕУ, државите од Западен Балкан биле потенцирани повеќе прашања, но дека приоритетни за ЕУ биле борбата против тероризмот, странски борци, борба против организиран криминал и комјутерски криминал. За овие прашања Европа, според министерот, ЕУ посветува внимание за периодот од 2015-2020 година.
- Посебен акцент беше ставен и на проблемите со илегална миграција во конктекст на приротетот борба против организиран криминал и во рамките на агендата на ЕУ за состојбите со миграција, изјави Чавков.
На неформалните средби на состанокот било разговарано дека Македонија веќе е дел од заедничката европска рамка за превенирање на состојбите со илегалната миграција.
Додаде дека посебен акцент во тој контекст бил ставен на координираниот европски одговор во сузбивање на организираните мрежи кои ги злоупотребуваат намерите на мигрантите да стигнат до крајните дестинации.
Министерот Чавков истакна дека се уште има дебати кои не се завршени околу утврдрувањето квоти кои треба да бидат прифатени од различни држави.
- На неформалните средби со повеќето министри за внатрешни работи кои ги имав од земјите членки на ЕУ, преовладува мислењето дека градењето на огради или ѕид не е решение на проблемот, така што останува на превентивен план ние да ги иднетификуваме ризиците во однос на криминалните мрежи кои се појавуваат на транзитните рути и од друга страна соодветен третман на мигрантите согласно принципите на споделена одговорност, изјави Чавков.
Министерот потврди дека биле спомената и парична помош како еден од мехнизмите за справување со проблемот, одговарајќи на новинарски прашања.
Веројатно, рече Чавков, ќе има средства кои ќе бидат наменети за оваа проблематика, но изјави дека не сака да преудицира на што конкретно ќе се однесуваат тие средства.
Што се однесува до барањата на невладините организации македонските уверенија за барање азил да се прифатат и во Србија, Чавков одговори дека остварил средба со министерот за внатрешни работи на Србија и дека на состанокот во Луксембург разговарале за овој заеднички проблем, но додаде дека не е во тек и дека нема информации како тоа ќе го прифати српската страна.
Потенцираше дека постојано се разговара на дневна база со српската страна и дека очекува интензивирањето на конактите и приклучување на Македонија во рамката која ја имаат веќе воспоставено Австрија, Унгарија и Србија.
Што се однесува до поединечните случаи на злоупотреба на полицијата при оставрување контакти со мигрантите, Чавков потенцира дека станува збор за изолирани случаи и дека работат интензивно за да се превенираат и да ги идентификуваат и санираат. Потсети дека двајца полициски службеници биле идентификувани, по што по целосно спроведената постапка определена им е мерка куќен притвор.
Министерот Чавков одговарајќи на новинарско прашања за наводно набавување на опрема од страна на Царината за следење на интеренет комуникации, рече дека нема официјална информација.
- Јас ги имам истите информации како и медиумите. Немам официјална информација и не би сакал да коментирам нешто за што немам релевантна информација од институции, веројатно Царина ќе се произнесе во однос на тоа, изјави Чавков.
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“