Фудбал
17. September 2017 - 13:54

Македонија и со Лихтенштајн во Струмица

Последниот натпревар во квалификацискиот циклус за Светското првенство 2018 нашата фудбалска репрезентација ќе го одигра на стадионот "Младост" во Струмица. 
На тој терен Македонија беше домаќин на еден натпревар од овој циклус против Албанија и се покажаа добри организатори. По тој повод Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) реши да биде домаќин на "црвено-жолтите" во Струмица. 
Последниот домашен натревар Македонија го игра против Лихтенштајн на 9 октомври(понеделник) со почеток од 20:45 часот, додека пак на 6 октомври (петок) нашата репрезентација гостува на „Стадио Олимпико" во Торино каде што ќе игра со Италија