Македонија и Бугарија ќе ја интензивираат соработката во туризмот

Министерот за економија Беким Незири денеска ќе оствари средба со бугарската министерка за туризам Николина Ангелкова, која ќе престојува во работна посета на Македонија.
Ангелкова во Скопје доаѓа со поголема бугарска делегација составена од претставници од туристичкото стопанство и градоначалниците на Сандански, Смолјан, Благоевград, Чепеларе и Банско.
На средбата се очекува да се разговара за продлабочување на туристичката соработка меѓу двете држави.
Планирани се и средби меѓу бизнисмени и претставници на општините на кои ќе се разгледаат можностите за партнерство и за туристички понуди.
Од македонска страна најавено е присуство на претставници на туристичките асоцијации и деловните здруженија, директорката на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, како и градоначалниците на Скопје, Тетово, Охрид, Крушево, Општина Чаир, Маврово и Ростуше.
Ново на Сител
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
