Бизнис
24. May 2017 - 20:33

Македонија и Бугарија имаат одлична прекугранична соработка

Пограничната соработка помеѓу Македонија и Бугарија континуирано се подобрува. За период од седум години преку ИПА програмата за погранична соработка помеѓу двете држави се реализирани 100 проекти со вкупна вредност од околу 20 милиони евра.  Скоро во сите проекти главни сфери на интервенција се животната средина, економскиот развој и социјалната кохезија како и подобрување на животниот квалитет и искористување на природните и културните ресурси од двете страни на границата. Со учеството во програмата покрај подобрувањето на квалитетот на живототот во пограничните региони  значително се подобрени и капацитетите на организациите и институциите кои ги користат средствата.

,, Во однос на капацитетите можеме да посведочиме од мониторинг средбите што ги имаме на терен со нашите корисници дека капацитетите и на општините и на невладините организации како и на другите наши корисници како регионални претставништва, училишта и така натаму се навистина подобрени во овие седум години од користењето на средствата.,, вели Ирена Бабамова Стојчева – проект менаџер

ИПА програмата останува активна и во наедниот период.  Само за  Бугарија и Македонија веќе се потпишани нови 48 договори  вредни над 10 милиони евра кои се дел од вториот програмски период, односно од ИПА 2 програмата.  За разлика од првиот програмски период,  во ИПА 2 програмата приоритетни оски се животна средина, одржлив туризам и конкурентност.  Вториот програмски период на ИПА е планиран да трае до 2020 година до кога сите прекугранични региони на располагање ќе имаат околу 100 милиони евра.