Македонија
5. August 2017 - 16:36

Македонија гори пожари на осум локации

Авионите на ДЗС гасат во Гостиварскиот регион, кај Здуње и Јеловјани , каде сеуште дивеат пламените јазици. Активни пожари сеуште има во тетовскиот регион, Чашка на планинскиот предел, пламенот се раширил и кон Нежилово на непристапен терен за делување. Од синоќа е гореше и во Кривогаштани но пожарот е ставен под контрола. Директорот на ДЗС смирува, нема опасност по човечки животи ниту по куќите во околните места. Од вчера дирекцијата добила на располагање по еден хеликоптер од Турција и Бугарија.

Во скопскиот регион активен пожар има кај Морани, Студеничани каде се ангажирани 20 лица од Дирекцијата. Гори и во Патичка река. Огнот кој зафати голем дел од непристапниот терен на Матка е локализиран, чад и пламен има на врвот од карпата блиску до браната, но истиот се следи и нема опасност од ширење. Високите температури допринесоа за ширење на  пожарите во повеќе региони од земјава, од селото Требовље пожарот е префрлен во село Растеж. Во селото се ангажирани  војници на АРМ како и месното население. Екипи на македонски шуми делуваат кај местото Фојник каде пожарот е на отворен простор и е запалена сува треба и лисја од борова шума. Овде се ангажирани и 45 лица од ДЗС.

Салиу смирува, граѓаните да не паничарт,  дирекцијата е во состојба на зголемена будност. Се делува навремено и со полн капацитет. Доколку има потреба ќе се активира барањето за   меѓународна помош од странство за поддршка од воздух на билатерална основа. Апел до сите граѓани да внимаваат како се однесуваат при движењето во планините и на отворено, да не фрлаат отпушоци, да не палат скари на отворено, земјоделците да внимаваат на исправноста на машините.