Македонија го почнува 18. Акциски план за членство во НАТО
Делегација на Македонија в понеделник во Брисел ќе ја претстави Годишната национална програма за членство во НАТО за 2017-2018 година пред Комитетот на заменици постојани претставници на земјите членки во Алијасната.
Со тоа официјално ќе започне 18-от циклус на Акцискиот план за членство во НАТО.
Предлог – текстот на Годишната национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година беше усвоен вчера на седница на Владата.
- Документот е отворен за натамошна надградба, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
На новинарско прашање дали се пристигнати конкретни забелешки од Брисел за брзината со која се спроведуваат реформите за евроинтеграциите и колку тие се абдејтирани во фактографскиот извештај за имплементација на планот 3-6-9 Бошњаковски рече дека се што е добиено се сугестии за забрзување на реформските пакети предвидени во тој план.
- Во фактографскиот извештај кој е јавен документ и ставен на владината страница се адресирани наредните активности во рамки на планот 6-3-9, и прецизно се одредени обврските кои произлегуваат за исполнување на тие активности. Од Брисел се добиени сугестии за забрзување на процесите, изјави Бошњаковски.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда