-->
-->
Македонија домаќин на силната Црна Гора
-->

Женските ракометни репрезентациите на Македонија и на Црна Гора попладнево од 18 часот во СРЦ „Кале“ го играат натпреварот од 5.коло од квалификациите за Европското првенство во Шведска. Нашата репрезентација се наоѓа на последното четврто место во групата и е без шанси за пласман на ЕП, додека Црна Гора има најголеми шанси да биде прва особено откако вчера во Цеље Словенија минимално ја победи Хрватска со 24:23.
Селекторото на Македонија Симе Симовски за време на подготовките се соочуваше со проблеми со повреди, а ќе остуствуваат три ракометарки: Габриела Величковски, Ангела Тодоровска и Зорица Десподовска.
Во групата 4 трите селекции Црна Гора, Хрватска и Словенија имаат по шест бодови, а Македонија е без бод.
Натпреварот Македонија – Црна Гора се игра со почеток во 18 часот во СРЦ „Кале“ , а влезот е слободен.
Досега пласман на ЕП имаат изборени 12 селекции:Норвешка, Романија, Србија, Чешка, Шпанија, Холандија, Унгарија, Полска, Русија, Данска, Франција и Германија, а како 13.та е домаѓинот Шведска.
Реално е да се очекува трите репрезентации од нашата група да ги пополнат трите слободни места. Првите две како две првопласирани и третата како најдобра трета селекција од седумте групи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Загадувањето не се решава преку ноќ, дислокација е само еден од сегментите
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Инспекторатот за употребата на македонски јазик се уште нема инспектори
-

Здружението „Бадникови поворки“ ја објави програмата за бадниковата манифестација
-

Мицкоски: Дислокација на „Усје“ не е проблем за Владата
-

ПАП и ехо не смее да се наплатува - Фондот за здравство и УЈП казни половина од контролираните матични гинеколози
-

Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
-

Ако бадентерот влезе во Уставен, граѓаните да заборават на правна држава, а власта да го затвори судот
