Македонија доби неповратни 2,5 милиони евра од НР Кина
Македонија доби неповратни финансиски средства во висина од околу 2,5 милиони евра од Народна Република Кина за реализација на проекти за потребите на македонските граѓани.
Годишниот договор за економска и техничка соработка меѓу двете држави беше потпишан денеска во Скопје од страна на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Ликсиан.
Вицепремиерот Османи пред потпишувањето на договорот посочи дека проектната соработка со НР Кина во изминатите години била насочена кон неколку приоритетни области како што се образованието, здравството и мрежното поврзување и оти најголем дел од финансираните проекти биле за образовниот сектор.
- Како национален координатор за странска помош мислам дека можеме ефикасно да ги таргетираме овие средства кои ги донира Народна Република Кина. Ќе утврдиме кои се приоритетните проекти заедно и веќе следниот месец ќе излеземе со конкретни идеи. Ќе предложиме сериозни проекти согласно насоките и критериумите што ги има Амбасадата на НР Кина и веруваме дека набрзо ќе почнеме со нивна реализација, рече Османи.
Согласно минатите договори, во тек на реализација се два проекти, односно изградба на спортска сала за основното училиште Рајко Жинзифов и проект за воведување на електронско образование.
Ново на Сител
-
Собранието за утре закажа седница на Комисијата за изборите и именувањата
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар