Loading Video...
Ракомет
17. January 2022 - 16:01

Македонија – Данска вечерва од 20:30 часот

Машката македонска ракометна репрезентација со дуелот против Данска вечерва ќе го заврши својот настап на Европското првенство што ќе се одржува во Унгарија и Словачка.
 
По двата порази од Словенија и Црна Гора, македонската ракометна репрезентација остана без шанси за пласман во втора фаза на ЕП. 
 
Затоа вечерашниот дуел против Данска ќе биде последен за црвено-жолтите на овој шампионат. 
 
Шансата да се поправи впечатокот особено од дуелот против Црна Гора,  ќе биде многу мала имајќи во предвид дена избраниците на Ларазорв противсебе ќе го имаат топ фаворитот не само во нашата група, туки и за освојување на златниот медал. 
 
„Емотивен човек сум, но искрено нема што да загубиме против Данска. Нашите ракометари ќе се опуштат, ќе го нема тој притисок. Очекувам добро издание. Ќе се спремиме добро, како да се бориме за пласман. Таков пристап ќе наметнам. Ќе ни послужи овој натпревар за идните предизвици“, изјави селекторот Лазаров
 
Скандинавците веќе ја завршија својата работа околу местото во следната фаза, но тоа не значи дека вечерва ќе играат полежерно, напротив, сигурно ќе сакаат повторно да докажат дека поразот во Скопје во квалификациите токму за ова првенство, бил само нивни лош ден. 
 
Но, дуелот со Данска сам посебе ќе биде и мотив за нашите ракометари и тоа да докажат дека средбата со Црна Гора не е вистинскиот репрер за квалитетите на оваа репрезентација 
„Против Данска, Нема што да загубиме и треба да излеземе со ладни глави, да одиграме борбено и за наша душа. Се обидуваме да играме нов систем, брз ракомет со многу ротации и мора да продолжиме по тој пат“, вели Филип Кузмановски. 
 

Натпреварот Македонија – Данска што се игра во рамките од А групата ќе започне во терминот оф 20:30 часот.  Во првиот натпревар од нашата група ќе се сретнат Словенија и Црна Гора кои директно решаваат за второто место, а со тоа и пласман во следната фаза на првенството.