-->
-->
Македонец заработува 5.000 долари месечно на Трамп и Хилари
-->

Како гром од ведро небо одекна вест за тоа дека група тинејџери од Велес заработуваат пари од лажни сензационални информации за Доналд Трамп и Хилари Клинтон.
За поддржувачите на Трамп тоа е секако случај. Тие со целосно неоснована причина добиваат повеќе од 140.000 шерови и многу коментари на Фејсбук, со нивната продадена вест.
Во исто време, 7.000 километри далеку од САД во еден мал град, дете посматра како парите се сливаат на неговата сметка од „Google“ огласот.
Во последните година дена Велес го зафати „златна грозница“ бидејќи локалците ги пуштаат вестите на најмалку 140 веб сајтови кои се занимаваат со темата за американските претседателски избори.
Овие сајтови имаат домен, кој дејствува како тие да се со седиште во САД- WorldPoliticus.com, TrumpVision365.com, USConservativeToday.com, DonaldTrumpNews.co, and USADailyPolitics.com...
Младите Македонци кои ги водат овие сајтови не се грижат за Доналд Трамп туку чисто водат економски интереси. Имено, корисник на Фејсбук во САД „вреди“ 4 пати повеќе од корисник надвор од Америка. Тие увиделе дека на најдобар начин приказните се делат преку Фејсбук, а најдобар начин за генерирање на шерови на Фејсбук е да објавуваат сензационалистички и често лажни приказни.
Основав сајт за лесно да дојдам до пари, раскажува момче (17) кое сајтот го води со уште 4 други лица. Мораме да изнајдеме начин за да заработиме пари. Јас сум музичар но не можам на себе да си приуштам инструменти. Во Македонија приходот од веб сајтовите е доволен за да си го приуштите тоа, раскажува момче од Велес.
Луѓето во Сад сакаат да ги читаат вестите за Трамп, вели момче (16) од Велес кое исто така води еден од тие сајтови.
Најдобро заработуваат сајтовите кои се отворени во почетокот на годината. Се зборува за тоа дека се заработува и до 5.000 долари месечно, а некогаш и 3.000 долари на ден ако приказната биде Хит на интернет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Грчката полиција уапси навивачи вмешани во трговија со дрога
-
Шведски тим од волонтери почна програма за поддршка по трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани
-
Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток
-
Поскапуваат бензините и дизелот, ова се новите цени
-
Израел со нови воздушни напади врз Иран
-
Авион на „Луфтханза“ на пат кон Индија се вратил во Франкфурт поради закана за бомба
-
ИДФ: Имаме целосна воздушна контрола над Техеран
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот