Македонец стана светски шампион во Дота2
21 годишниот Мартин Саздов од Свети Николе заедно со неговиот интернационален тим Тундра е светски шампион во Дота2. Тие утрово во Сингапур победија на најголемиот гејмерски натпревар кој што ги собира најдобрите Дота играчи од целиот свет. Тимот на Македонецот во гејминг светот познат како Сакса во финалето го совлада тимот на Сикрит без да загуби ниту една рунда и во доминантна игра стигна до титулата светски шампион.
Фондот оваа година на светското првенство во Дота 2 изнесуваше 18,5 милиони долари, а на победникот му следи награда од 8,5 милиони долари.
Инаку Саздов почнал да игра Дота уште на 10 - годишна возраст. Низ годините се усовршувал и станал еден од најдобрите Дота 2 играчи во светот.
Поради тоа решил и да се откаже од студиите и целосно да се посвети на играта па сега е веројатно единствениот професионален гејмер во Македонија.