Фудбал
21. December 2016 - 17:10

Македонец на чело на ФК Сарајево

Македонецот Валентин Илиевски кој е по потекло од Куманово но веќе долго преселен во Германија е новиот претседател на босанскиот фудбалски гигант ФК Сарајево. 

48-годишниот Илиевски е генерален директор на компанијата „Месер БХ Гас":„Голема чест претставува изборот за претседател на Сараево, клуб кој е препознатлив во Регионот и кој има светла традиција од над 70 години. Верувам дека ќе ја оправдам довербата во надградбата на имиџот на еден така голем клуб. Голема благодарност до делегатите за дадената доверба“- изјави Илиевски откако неочекувано ја доби довербата од делегатите на собранието.