Македонец изумител на очила со кои се гледаат клетките на туморот ќе одржи предавање во Охрид

Македонецот Виктор Груев, вонреден професор на Универзитетот „Вашингтон“ - Сент Луис, Мисури, САД, на 13 јули во амфитеатарот на Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе одржи предавање на тема „Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“.
Проф. Груев (39) е изумител на специјално дизајнираните очила со кои хирурзите за време на операциите можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот претставува вистинска мала револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки и запазување на здравото ткиво.
Во своето предавање проф. Груев ќе зборува за два типа сензори чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата. Првиот сензор е дизајниран врз основа на визуелниот систем на раковите Мантис, а вториот се заснова врз визуелниот систем на пеперутките Монарх.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Митов, доктор
-

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение
-

Иницијатива за геопарк „Лесново“ под покровителство на УНЕСКО
-

Велигден во Пјаченца: Митрополитот Пимен заедно со македонските верници ќе го обзнани Христовото Воскресение
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Почнаа преговорите Вашингтон – Техеран за крај на шестнеделниот конфликт
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
