Македонец избоден до смрт пред ресторан во Мелбурн
Триесет и еден годишниот Дени Димовски е избоден до смрт во тепачка на забава во еден ресторан во западниот дел на Мелбурн, Австралија, јавуваат австралиските медиуми.
Несреќниот настан се случил во ресторанот „Корзо грил“ во Каролин Спрингс во раните утрински часови во саботата изутрина откако една непоканета група се обидела да влезе на забавата. Димовски починал веднаш откако бил пренесен во болница.
Полицијата соопшти дека групата избегала од местото на настанот. Групата заминала пеш од македонскиот ресторан откако жртвата била прободена неколку пати, но се верувало дека имало неколку автомобили во близина.
Сопствениците на ресторанот Џим и Јасмина Рибаровски, изјавиле дека Димовски бил редовен гостин во нивниот ресторан.
– Дени беше почитуван, тој секогаш се грижеше за нас девојките во ресторанот „Корзо грил“, велат вработените.
Нема информации дека групата пристигнала вооружена и полицијата смета дека напаѓачот користел нож земен од ресторанот.
Ново на Сител
-
120 доброволци се обучуваат за справување со пожари
-
Национална стратегија за заштита од пожари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии